Истрагата за „Странски служби“ ќе се прошири

by fokus

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева истакна дека истрагата за случајот „Странски служби“ ќе се прошири.

-Јас лично бев изненадена од снимките во медиумите, а секоја изјава е добредојдена, рече денеска Јанева, која одби да открие дали МВР опремата ја набавило од компанија од Израел, бидејќи станува збор за класифицирана информација.

Во оваа истрага има двајца осомничени.

-Едниот бил директен извршувач, а другиот поттикнувач. Според истрагата, во 2014 година во октомври и ноември по барање на еден од осомничените, кој тогаш бил началник на Одделот за оперативна техника во УБК, странска компанија изготвила извештај во кој било наведено дека на подрачјето на град Скопје, со своја опрема детектирале нелегални активности поврзани со дупли базни станици. Ваквиот извештај требало да ја потврди тезата на тогашниот државен врв дека масовното незаконско прислушување го извршиле странски служби. Интерес за овој извештај имала и странската компанија, рече неодамна обвинителката Фатиме Фетаи.

Според неа, оваа компанија со најбрза постапка за јавна набавка, односно со фаворизирање го добила тендерот за набавка на опрема.

– На 16 декември побарале да се спроведе постапка, а првоосмничениот на 19 декември донел одлука за набавка и самоиницијативно поднел до три странски компании. За пет дена било завршено се. На петтиот ден, на 24 декември е донесена одлуката за најповолна понуда, додека опремата е испорачана во мај, 2015 и веднаш е инсталирана, истакна Фетаи.

Поврзани новости