Во својот дом во Штип ограбена е пензионерка – заврши во болница

by irena 13:55
13:55

МВР информира дека вчера рано наутро во 08:27 часот во СВР Штип, 82-годишна жена од Штип пријави дека претходната вечер околу 21:00 часот едно лице со употреба на физичка сила и подесен алат насилно влегло во нејзиниот дом и физички ја нападнало, нанесувајќи и тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.

Жената пријави дека притоа ѝ бил одземен мобилен телефон и личен накит.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични вести