Во светот над 7 милиони заразени и 400.000 починати од коронавирусот

by Fokus

Смртноста од коронавирусот во светот вчера достигна 400.000, а бројот на случаи, според извештајот на Ројтерс, расте во Бразил и Индија.

Бројот на смртни случаи поврзан со ковид-19 за само пет месеци сега е еднаков на бројот на луѓе кои умираат годишно од маларија, една од најсмртоносните заразни болести во светот.

Бројот на заразени се приближува до седум милиони, со околу два милиони, или 30 отсто, од случаите во САД. Како што пренесува „Ројтерс“, Латинска Америка е втора со над 15 проценти од случаите.

Првиот смртен случај на ковид-19 беше пријавен на 10 јануари во Вухан, Кина, а во почетокот на април бројот на починати помина 100.000 луѓе.

Се верува дека вкупниот број на смртни случаи е поголем од официјално пријавените 400.000, бидејќи на многу земји им недостасуваaт тестови, а некои земји не ги бројат смртните случаи надвор од болниците.

Поврзани новости