Во Скопје синоќа изречени се 170 сообраќајни прекршоци

by Фокус
Во засилените акциски контроли во областа на сообраќајот спроведени вчера на територијата на Скопје, полицијата изрекла 170 мерки, од кои 84 за возење повеќе од дозволената брзина, а 45 за прекршоци на возачи на мотоцикли.
Од МВР соопштија дека 11 санкции се за возење без возачка дозвола, 5 за нерегистрирани возила, 3 за користење мобилен телефон, 2 за некористење сигурносен појас и 3 санкции за непрописно паркирани возила.
-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, наведува Министерството за внатрешни работи.

Поврзани новости