Во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка-с.Нерав поради снег и одрони

by Fokus

Од 06:50 часот сообраќајот на регионалниот пат Крива Паланка – с.Нерав е во прекин за сите возила во двата правци, поради обилни врнежи на снег и одрон од камења на патот, соопшти утрово АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови по наместа влажни коловози.

Забрана за тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово-Маврово и Крива Паланка-Деве Баир.

Поврзани новости