Променливо облачно и студено време, ќе дува ветер од над 70 километри на час

by Fokus

Претпладне, во североисточните делови од Македонија времето ќе биде претежно облачно и ќе провејува слаб снег, а во текот на денот во останатиот дел од земјата ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од северозападен правец (над 70 км/час).

Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 4 степени, а максималната ќе достигне 7 степени.

Во Скопје ќе биде студено, променливо облачно, попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен на повисоко и во источните делови од регионот.

Утре наутро ќе биде многу студено, а преку денот ќе преовладува сончево и кон крајот на денот ќе започне да се проширува облачност. Од вторник до среда преку денот ќе преовладува облачно со повремени врнежи кои на планините особено на запад ќе бидат од снег, а на пониските места од дожд. Во четврток ќе преовладува суво и студено врем, а нов бран на врнежи се очекува за време на викендот.

Поврзани новости