Во Македонија на дел од заразените со корона вирус ќе им се дава крвна плазма од веќе излекувани

by fokus

Во Македедонија ќе почне да се применува методот на давање на крвна плазма од излекувани од корона вирус на заразени со вирусот, соопшти министерот Венко Филипче.

-Има неколку истражување кои покажуваат дека крвната плазма од излекуваните од корона вирус позитивно влијае на заразените. Ние веќе започнавме припреми за Инситутот за трансфузиологија, веќе се изготвува протоколот според кој би требало да се земе плазмата од излекуваните. Протоколкот ќе биде готов во понеделник, и согласно препораките, ќе се дава на заразени пациенти, рече Филипче.

Поврзани новости