Филипче: Сметаме дека со дополнителната рестрикција во Куманово, може да се спречи ширењето

by fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска рече дека дополнителната рестрикција на движење во Куманово која денеска ја донесе Владата треба да придонесе да се спречи ширењето на корона вирусот.

-Во моментот на Клиниката за инфективна болести хоспитализирани се 67 пациенти, 10 од нив се со тешка клиничка слика.
Во Куманово испратени се двајца доктори. Денеска Владата донесе одлука за продолжување на полицискиот час кој ќе трае до денеска од 21 часот, па се до 5 часот сабајле до понеделник. Сметаме дека со дополнителна рестрикција внатре во градот, може да се спречи ширењето, рече Филипче.

 

Поврзани новости