Во кумановската болница 18 заразени, 80-тина во самоизолација

by Frosina Fakova

Министерот за здравство, Венко Филипче заедно со престтавници од Институтот за јавно здравје биле во посета на кумановската болница и соопшти дека најмногу погодено е инфективното одделение на оваа Клиника, каде беше заболен дел од персоналот со ковид 19, па на ова одделение беа донесени лекари од Штип и Струмица.

Вкупно 18 вработени од кумановската болница се позитивни на корона и од вкупно 700 вработени, 80-тина се наоѓаат во самоизолација и тие ќе бидат тестирани кога ќе заврши периодот на инкубација.

Тој вели дека засега лекарите во Куманово имаат доволно опрема и дека другите одделенија функционираат соодветно, односно не се загрозени со кадар.

Поврзани новости