ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ги договориле општите начела за соработка на идната влада, уставните измени не се спомнати

by Fokus

Договорени се општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.

Ова било договорено, според соопштението од ВМРО-ДПМНЕ на денешната средба меѓу нив и коалицијата „Вреди“, додека уставните измени не се споменати.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа присутни претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски, Тимчо Муцунски и Гордана Кочоска Димитриеска, како и шефот на кабинет на претседателот Владимир Нелоски, од страна не ВЛЕН беа присутни Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши.

Заклучено било дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање.

Поврзани новости