Влошена состојбата на родилката од Куманово

by Frosina Fakova

За жал има влошување на клиничката слика на трудницата од Куманово, соопшти попладнево министерот за здравство Венко Филипче на редовната прес конференција.
Засега жената самостојно дише, но како што рече Филипче, нејзината клиничка слика е полоша, а полош бил и нејзиниот радиографски наод, па нејзината состојба се прати интензивно.

Жената која беше заразена со корона се породи на Клиниката во Скопје, а нејзиното бебе беше негативно на тестирањето.

Во последните 24 часа на Инфективната клиника се примени четворица пациенти, па таму хоспиталзиирани вкупно 67 пациенти, шест од нив се на механичка вентилација, а 12 се со тешка клиничка слика. Во болницата „8-ми Септември“ се хоспитализирани 19 пациенти, тројца се на респиратор, а девет се со потешка клиничка слика. Вчера во Битола како, што соопшти Филипче пристигнале сите пациенти од Охрид, во болницата која ќе биде регионале центар. Во псоедлните 24 часа пет лица починаа од ковид 19 во Македонија, четворица на Инфективната клиника, а еден дома.

Поврзани новости