Во Комисијата за сместување на студенти нема претставник од студентските домови

by Fokus

Август, септември и октомври се месеци актуелни за прием и сместување на студентите во студентските домови ширум Македонија.

Години наназад тие се соочуваат со низа проблеми, кои за жал се уште никој надлежен не успеал да ги реши.

Па така, во Комисијата за сместување на студенти нема претставници од студентските домови.

Ова го истакна директорот на Државниот студентски центар, Виктор Велевски за „Фокус“.

„Во Комисијата за сместување на студенти која функционира како тело при Министерство за образование и наука, а членовите ги назначува министерот, за жал нема претставник од домовите и покрај тоа што во повеќе наврати беше побарано од наша страна“, вели Велевски за „Фокус“.

Иако нашата редакција испрати конкретно прашање – Зошто во Комисијата за сместување на студенти нема претставници од студентските домови, од МОН добивме само краток одговор.

„Комисиите се составени од лица вработени во МОН“, ни соопштија од Министерството за образование и наука.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости