Во Хрватска 819 новозаразени во последните 24 часа

by Fokus 10:53
10:53

Хрватскиот кризен штаб денеска соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 819 новозаразени со коронавирусот од тестирани 4.948 луѓе, а осум лица починале.

Бројот на активни случаи во Хрватска е 5.164, меѓу нив хоспитализирани се 548 лица, од кои 32 се на респиратори.

- Advertisements -

Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на зараза во Хрватска, до денеска регистрирани се вкупно 25.580 случаи на Ковид-19, а 363 пациенти починале.

Вкупно закрепнале 20.053 лица, од кои 491 во последните 24 часа, додека 21.148 лица се во моментот во самоизолација.

До денеска се тестирани вкупно 39.700 луѓе, од кои 4.948 во последните 24 часасе вели во соопштението на хрватскиот кризен штаб.

Поврзани новости