Во директен судир на возила еден загинат и двајца повредени

by Fokus

Едно лице загина, а две се тешко повредени, во сообраќајна несреќа што утрово околу 10 часот се случи на патот Градско-Прилеп.

Според првичните сознанија кои за МИА ги потврдува Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, станува збор за директен судир помеѓу патничко и товарно моторно возило.

Увидот е во тек, на лице место е и екипа од Територијалната противпожарна единица Кавадарци.

 

Поврзани новости