Во Дебар нови 18 заразени со корона вирусот

by Фокус

Во Дебар, градот кој месец и половина беше во карантин, во последното деноноќие се регистрирани 18 новозаболени.

Со денеска потврдените случаи, вкупниот број на заразени од почетокот на епидемијата се искачи на 172.

Битката со опасниот вирус ја добиле 57 лица, а пет починале, така што моментно се активни 110 случаи, од кои десетина се хоспитализирани во болниците во Скопје.

Поврзани новости