Во болница се лекуваат 916 заразени од Ковид-19

by fokus

На инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 916 пациенти со Ковид-19 и има околу 280 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 28 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 350 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во ковид – центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 566 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во последното деноноќие, во Скопје на Интерните клиники имало 10 приеми. Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ се примени четири пациенти, 10 се примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени четири пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 23 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 33 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 55 пациенти со симтоми на коронавирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 79 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 126 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациенти. На ГАК има пет хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и изутрината до 8 часот имало 22 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 44 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 43 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 19 пациенти, во Велес се лекува 41 болен, а во Куманово 92 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 63 пациенти, во Прилеп 75, во ковид – центарот во Гостивар 20, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 36 пациенти, во Кочани осум, во Кичево 11, Кавадарци 76, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.

Поврзани новости