Во Белата куќа бил најден кокаин, покажале испитувањата

by fokus

Службената анализа на белата супстанција пронајдена во неделата во Белата куќа покажа дека се работи за кокаин, изјави функционер запознаен со истрагата.

Во неделата вечерта Белата куќа беше евакуирана откако припадниците на тајната служба кои вршеле рутински обиколки низ објектот пронајдоа торба со бел прав.

Засега не е познато колку долго торбата била во Белата куќа. Со оглед на тоа што низ тој дел минуваат голем број луѓе, тешко ќе се одреди кому му припаѓа торбата. Тајната служба спроведува истрага за да го открие идентитетот на сопственикот на торбата и ги прегледува снимките од надзорните камери и евиденцијата на присутните луѓе, јавија американските медиуми.

Портпарол на тајната служба изјави дека американскиот претседател Џо Бајден не бил во Белата куќа во моментот кога била пронајдена торбата.

Поврзани новости