Во 2023 ќе има економски пресврт и ќе станеме зелен европски центар, најавува СДСМ

by fokus

Економскиот пресврт наредната година е реална, остварлива цел, што ја потврдуваат сите економски показатели, тврдат денеска од СДСМ  во утринското соопштение.

-Проекцијата на ЕБОР е дека македонската економија во следната година ќе има раст од 2.3 отсто. Тоа е многу повеќе од проекцијата на ЕБОР за земјите од еврозоната која изнесува 0.3 отсто. Според проекцијата на Народната банка оваа година ќе ја завршиме со раст од над 2 проценти. СДСМ во првите десет месеци од годината цврсто се борше против кризата, а наредната година, со новиот Буџет започнува пресвртница, нова офанзива, со која кризата конечно ќе биде победена, ќе почне економски раст и зголемување на животниот стандард.
Пресвртницата ќе ја обезбедиме со многу труд, со политики за привлекување нови странски инвестиции кои носат добро платени работни места, со енергетска транзиција и визија да станеме зелен европски центар во Европа. Наредната 2023 година ќе биде година на нова надеж, година за економска пресвртница, велат од владејачката партија.

Поврзани новости