Внук на Али Ахмети е сопственик на една од компаниите која го купува Бизнис-центарот „Соравиа“

by Fokus

Дрин Ахмети, внук од братот на Али Ахмети, Фекри, од 2020 година е сопственик на компанијата за развој на градежни проекти „Тор индустрис“.

Инаку, Дрин Ахмети е косопственик и на фирмата „Еверест ЏД“ која има активна концесија за експлоатација на варовник на локалитетот „Буковиќ“ во Зајас

По информацијата дека компанијата „Тор индустрис“ ДООЕЛ Скопје и албанската „Пе-вла-ку ШПК“ ја преземаат контролата на Бизнис-центарот „Соравиа“ во строгиот центар на Скопје, порталот МКД.мк објави дека сопственик на фирмата „Тор индустрис“ Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети, лидерот на владејачката партија ДУИ.

Дрин Ахмети, внук од братот на Али Ахмети, Фекри, од 2020 година е сопственик на компанијата за развој на градежни проекти „Тор индустрис“. Инаку, Дрин Ахмети е косопственик и на фирмата „Еверест ЏД“ која има активна концесија за експлоатација на варовник на локалитетот „Буковиќ“ во Зајас.

Поврзани новости