ВМРО-ДПМНЕ: Заев го брише македонското минато, тргува со името и се согласува на промена на македонскиот идентитет

by Fokus 09:45
09:45

Зоран Заев го брише македонското минато, ја загрозува сегашноста и ја уништува иднината, се наведува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев срамно тргува со името Република Македонија и се согласува на промена на македонскиот идентитет. Зоран Заев ги понижи сите пријателски земји кои беа одважни и го видоа непринципиелниот став на соседна Грција па одлучија Република Македонија да ја признаат под уставното име. Лажгото Заев пред една година се колнеше дека на ниту една од овие земји не може да им кажеме дека згрешиле. Сега, како да менува име на сопствена фирма, одлучи да ги прифати грчките црвени линии, да го смени уставното име и да ги известува сите пријателски земји дека згрешиле што не признале и комуницираат со нас под уставното име Република Македонија. Зоран Заев не го прави ова во знак на сеќавање на генерациите пред нас кои се жртвувале за името Република Македонија. Зоран Заев не го прави ова ниту за актуелните генерации кои се родени во Република Македонија и  сакаат да продолжат да живеат во Република Македонија. Не го прави ова ниту за идните генерации на кои треба да им го оставиме во наследство македонскиот идентитет, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertisements -

 

Поврзани новости