ВМРО-ДПМНЕ за Димовски: Беше голем борец за работничките права, праведен, храбар и непоколеблив

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ изрази сочувство до семејството на претседателот на ССМ, Дарко Димовски кој по кратко боледување почина на 45-годишна возраст.

-Сочувство до семејството и пријателите на прерано починатиот Дарко Димовски. Тој беше голем борец за работничките права, праведен, храбар и непоколеблив. Димовски остави свој белег во општеството, по кој ќе остане запаметен засекогаш. Неговиот ангажман за работниците беше сигнал до секоj работник, дека никогаш нема да остане сам и незаштитен. Почивај во мир Дарко, напиша ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.

Поврзани новости