ВМРО-ДПМНЕ: Владата направи непроценлива штета врз македонскиот јазик

by fokus

Додека секаде низ светот се негува мајчиниот јазик, во Република Македонија, Владата за 9 месеци нанесе непроценлива штета врз македонскиот јазик, реагираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ го деградираше македонскиот јазик со годишниот Буџет за култура. Во буџетот не е предвиден ниту денар за унапредување на македонскиот јазик. СДСМ го погази јазикот и со неуставниот закон за двојазичност со кој се обиде да го сведе од официјален јазик во Република Македонија на еден од двата службени јазици во рамки на државата. Негрижата на СДСМ кон македонскиот јазик е и негрижа кон државата и граѓаните. Негрижата кон јазикот е и негрижа кон традицијата и идентитетот на нацијата. Негрижата кон јазикот е поткопување на темелот на државноста, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости