ВМРО-ДПМНЕ смета дека ситуацијата е излезена од контрола, но бара намалување на рестрикциите

by fokus

Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека ситуацијата со корона вирусот не е под контрола, но ВМРО-ДПМНЕ бара намалување на рестриктивните мерки и е против полицискиот час викендов да биде 58 часа.

-Не би се согласил дека ситуацијата ни е под котрола, според бројките на новозаразени и починати. Она што допринесе за тоа е можеби мекиот однос на самиот почеток од страна на Владата. Спората реакцијата од страна на Владата, несфаќањето сериозно на ситуацијата допринесе за тоа. А, и Влада сакаше да прави ПР, па потоа олабавија со пропагандата. Ние бараме олабавување на мерките затоа што 58 часовен карантин е многу. Мора да се земе во предвид да се земе и психичкиот момент. Карантинот за време на Велигден беше многу долг и лошо влијаеше. Ние ќе мора да се навикнеме на целава ситуација и да живееме со тоа и затоа бараме намалување на рестрикциите, вели Мицевски.

Поврзани новости