ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ги демантираше лагите на СДСМ дека нема да поскапува водата

by fokus

СДСМ ги лаже граѓаните на Република Македонија, а Петре Шилегов даде изјава со која ги демантираше лагите на СДСМ дека нема да поскапува водата, реагираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Шилегов денес изјави дека едно семејство за потрошени 15 кубни метри вода наместо 500 денари ќе плаќаат 522 денари, што значи дека сметките за вода ќе се покачат за најмалку 22 денари. Самите себе се демантираат, нивните лаги веќе не траат ни еден ден. СДСМ ги излажа и граѓаните дека ги намалува трошоците за живот. Од први јануари оваа година ја зголеми акцизата на дизелот за 3,5 денари, а поскапувањето на горивото како домино ефект носи поскапување на цело производство и на увозот во Република Македонија. За 8 месеци владеење трошоците на живот пораснаа за 1,4 отсто, а цените на мало за 3,2 отсто. Тоа директно влијае на намалување на стандардот и зголемување на сиромаштијата во државата.
За истиот период успеа да ја задолжи државата 1 милијарда и 300 милиони евра, а најавија и покачување на даноците, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости