ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да упатува апели, Филипче да преземе мерки против пандемијата

by Фокус

Наместо министерот за здравство Венко Филипче да апелира до граѓаните, тој треба сериозно да ја сфати улогата и да преземе мерки во врска со корона-кризата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче, Заев и Спасовски беше триото кое прогласи победа против пандемијата која од тогаш до сега одзема стотици животи. Наместо ПР, Филипче преку државните механизми да превземе мерки за ублажување на последиците. Темата корона Филипче, исто како и Заев ја користи за ПР и себепромоција, иако резултатите се поразителни. Филипче е во право кога вели дека вирусот не познава возрасни граници, но воедно и популизмот и неспособноста на Филипче исто не познаваат граници“, соопштија од ДПМНЕ.

Поврзани новости