Нов тендер за ангажман на фирма што треба да ја урне дивоградбата кај Мавровка

by Фокус

Откако ниту една фирма не се пријави на веќе пропаднатиот тендер на Општина Чаир уривање на нелегални објекти на територија на општината, каде спаѓа и дивоградбата кај Мавровка, денес е објавен оглас за нов тендер.

Според информациите објавени од Бирото за јавни набавки, рокот на доставување на понудите е до 13 август, а договорот треба да се склучи на период од една година.

„За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот треба да достави со својата понуда документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран“, стои во тендерската документација.

Инаку, овој тендер се однесува на сите дивоградби во Чаир, но најмногу внимание привлекуваше дивоградбата кај „Мавровка“, чиј инвеститор се уште е непознат.

Откако на терен излегоа инспектори од Град Скопје, Државниот инспекторат и полицијата, градоначалникот Висар Ганиу истакна дека Општината донела решение за уривање на објектот.

Но на градилиштето имало само работници и никој не презел одговорност, поради што решението за уривање до непознат сторител, кој сепак одлучи да не се пријави и да не го урне нелегалниот објект.

Поврзани новости