И Зеленски и честиташе на Силјановска Давкова за големата победа

by Fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ѝ честиташе на Гордана Силјановсла Давкова за победата на вчерашните претседателски избори.

„Честитки до Гордана Сиљановска-Давкова за нејзината убедлива изборна победа. И посакувам успешен и плоден мандат. Го цениме нашето силно партнерство и ја цениме поддршката на Скопје за Украина во борбата против руската агресија. Со задоволство очекувам да ја зајакнеме нашата билатерална соработка со цел да ги вратиме мирот и стабилноста во нашата обединета Европа“ напиша Зеленски на Х.

Сиљановска Давкова се заблагодари на честитката на украински, македонски и на англиски јазик.

„Почитуван претседателе Зеленски, денеска кога го славиме Денот на Европа исто така се потсетуваме дека судбината на украинската нација е под закана. Ние ја поддржуваме Украина и ја нудиме солидарноста на сите македонски граѓански за постигнување на праведен мир и вистинска долгорочна безбедност. Ниту една европска нација, која ги споделува и брани заедничките европски вредности, не смее да биде изоставена од европското единство. Очекувам дополнително да ја зајакнеме билатералната соработка и се надевам на брз прием на нашите две земји во ЕУ.“

Честитки за нејзината победа, до Силјановска Давкова пристигнаа и од регионот и Европа.

Поврзани новости