ВМРО-ДПМНЕ: На Заев и Спасовски поважни им се фотелјите отколку здравјето на граѓаните

by Фокус

Оливер Спасовски повика на избори на 5 јули во деновите кога се достигнува пикот на заразата со над 50 заразени, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа значи дека Спасовски и Заев се директно одговорни за секој заразен и починат човек поради заразата со Ковид, затоа што тие наместо заштита на здравјето, паметот им е во фотелјите. Поголема зараза од Ковид, е заразата на лудилото наречено Заев-Спасовски кој ја втурнува државата во изборна кланица. Заев и Спасовски стануваат џелатите на сопствениот народ и губат контрола над работите. Во оваа држава приоритет број еден мора да биде здравјето на граѓаните“, стои во соопштението на партијата на Христијан Мицкоски.

Претходно, Спасовски изјави дека со завршувањето на вонредната состојба од 14 дена, се исполнува законскиот рок од 22 дена до изборите според кој вонредните парламентарни избори ќе се одржат на 5 јули.

Поврзани новости