Спасовски: Изборите ќе бидат на 5 јули, ако пазаруваме со маска може и да гласаме

by Фокус

Со завршувањето на вонредната состојба од 14 дена, се исполнува законскиот рок од 22 дена до изборите според кој вонредните парламентарни избори ќе се одржат на 5 јули, изјави денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски во Куманово.

-Со ова последно продолжување на вонредната состојба, датумот за избори се фиксира на 5 јули. Ги повикуваме сите партии, особено ВМРО-ДПМНЕ, да преземат одговорни чекори и да бидат дел од решението, наместо да бидат извор на проблемот. Изборите се поважни и од кафеаните и од спортските натпревари, славите и веселбите. Ако можеме да пазаруваме со маска, да седиме во ресторан и состанок под маски, тогаш можеме со сигурност и да одиме на избори – рече Спасовски.

Тој порача дека нема да дозволат вечни саботажи од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ако прецизно се одброи, тоа значи дека изборите ќе бидат на 5 јули. Било какво пролонгирање не е можно ниту од правен, ниту од праведен аспект. Секој термин на избори кој ќе навлезе во летниот период ќе го загрози гласачкото право на граѓаните, зашто ќе се спротивстави со правото на летен одмор. Избори наесен се опасна идеја по здравјето на граѓаните и економијата – истакна премиерот.

Поврзани новости