Бектеши: ДУИ не го менува ставот изборите да се договорат со консензус

by Фокус

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска повтори дека ДУИ принципиелно останува на ставот датумот за избори да се донесе со консензус.

-Подготвени сме и наредната недела да одиме на избори, но треба да ги имаме предвид препораките од Комисијата за заразни болести и ситуацијата со бројот на заразени. Ќе ги следиме препораките на епидемиолозите, а јавноста ќе биде информирана за последниот став на партијата или ако има лидерса средба – рече Бектеши.

Денеска, Оливер Спасовски изјави дека вчера прогласената вонредна состојба е последна и дека изборите ќе се одржат на 5 јули.

Поврзани новости