ВМРО-ДПМНЕ: Мафијашки убиства на улиците, Спасовски мува не го лази

by Фокус

Се вратија деведесеттите, реагира ВМРО-ДПМНЕ по вчерашното двојно убиство во Скопје.

„Со Ковачевски како премиер, Груби како вицепремиер и Спасовски прв човек на полицијата се случуваат убиства, пасоши на криминалци се делат, наркотрафикантите седат до првите лица на владата. Додека Спасовски вкупно е прв човек на полицијата 8 години, се случија стотина нерасветлени убиства. Што друго да се случи Спасовски да си даде оставка“, соопштија од опозициската партија.

Од таму додаваат дека треба да одговори дали има политичка конотација во ова двојно убиство и каква е поврзаноста со крилата на криминализираните ДУИ и СДС?

Поврзани новости