ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на собраниската комисија која во вторник ќе дебатира за уставните измени

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на собраниската Комисија за уставни прашања што е закажана за вторник, 25 јули во 10 часот.

Според најголемата опозициска партија, нивните пратеници ќе бидат дел од дебатата.

Пратениците ќе учествуваат во дебатата, каде јасно ќе ги кажат аргументите против уставните измени и набргу ќе стане јасно дека за нив власта нема мнозинство, соопштиле од ВМРО-ДПМНЕ за МИА.

Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски пред неколку дена порача дека ќе имаат координација како партија и таму ќе го договорат настапот. Сепак нагласи дека имаат јасен став поврзан со уставните измени.

Поврзани новости