Во врска со објавите на социјалните мрежи за директорот на Клиниката за неврологија, Игор Кузмановски, ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува одлуката да биде разрешен од функцијата.
„Немаме сомневање дека јасно и недвосмислено институциите треба да постапат во согласност со законот и утврдените процедури. Извршувањето на јавна функција носи конкретни обврски и одговорности. Нашата заложба е правилата и законите да важат за сите подеднакво и управувањето на институциите мора да биде во согласност со вредносниот систем на одговорност за кој се залагаме и ќе продолжиме да се бориме“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, министерот за здравство Азир Алиу денеска го разреши Кузмановски, откако на социјалната мрежа Икс се појави видео на кое тој зборува за консумација на дрога. На видеото, тој меша бела прашкаста материја.
По видеото за „шмркање бело”, разрешен е директорот на Клиниката за неврологија