На социјалната мрежа Икс денеска се појави видео на кое се гледа директорот на Клиниката за неврологија, Игор Кузмановски, како зборува за консумација на дрога.
На видеото, Кузмановски меша бела прашкаста материја во чинија, зборува за неа со асоцијација за кокаин и разговара со друго лице кое најверојатно го снимало видеото.
-Ако е малце измешано одма ти го враќам, ќе ги фрлам, јас не можам со спидо и амфетамини да шмркам бело, само ако не е добро. Сакаш да го пробаш и да кажеш дали е добро – му вели Кузмановски на соговорникот.
По врска со тоа, Министерството за здравство информираше дека министерот Азир Алиу денес донел решение за разрешување на директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, Кузмановски.
„Во најкраток рок ќе биде именуван нов директор согласно законските процедури. Работата на Клиниката продолжува непречено“, стои во известувањето од Министерството.
Инаку, Кузмановски е кадар на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и на директорската позиција беше поставен во авгсут годинава.