ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не можат да се договорат за Комисијата за прислушување

by Фокус

Нема договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за формирањето на собраниската комисија за прислушувањето, која е предвидена во договорот од Пржино. Таа требаше да се формира по враќањето на СДСМ во Парламентот, но не е даден точен рок.

Бидејќи партиите не можеа да се договорат, денеска во Собранието напомош дојде белгискиот експерт Питер Ванхојте, кој во меѓувреме е и посредник на работната група која преговара за изборниот процес.

На денешната собраниска координација, ВМРО-ДПМНЕ инсистирала комисијата да биде со име „Комисија за утврдување на прашањата поврзани со незаконски прибавените и објавени разговори“. СДСМ сметала дека името е веќе дадено со договорите со меѓународните посредници, тоа е „Комисија за скандалот со прислушувањет0“.

ДУИ и ДПА одлуката за оваа комисија им ја препуштија на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Претседател на комисијата треба да биде Петре Шилегов од СДСМ.

 

 

Поврзани новости