Бејли: Што побрзо да се формира собраниската комисија за прислушувањето

by Фокус

Американскиот амбасадор Џес Бејли денеска оствари средба со потпретседателката на Собранието, Рената Дескоска. На средбата Бејли изразил задоволство од постигнатиот договор за избор за специјален обвинител, но и истакнал дека што поскоро треба да се формира анкетната комисија која ќе го испитува прислушувањето.

Тој додал дека исполнувањето на договорот од Пржино во точно предвидените рокови е од суштинско значење за одржување на фер и демократски избори, како и за разврска на политичката криза во Република Македонија.

Инаку, собраниската комисија за прислушувањето  требаше да биде формирана по враќањето на СДСМ во Собранието, но ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ уште не можат да се договорат за ова прашање.

Поврзани новости