471
„600 илјади граѓани живеат со 150 денари на ден. Во услови на економска криза, енормна инфлација и сиромаштија, последна работа што треба да се направи е да се зголемат платите на функционерите. ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се намали и корегира коефициентот за сложеност на работното место со што би се намалиле платите на функционерите“ рече денеска на прес-конференција Марија Митева – портпарол на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Таа напомена дека „функционерите не смеат да бидат граѓани од посебен ред, туку слуги на народот“.