Грабеж имало во Бутел, не во Аеродром – со оружје влегле во обложувалница и ја ограбиле сред бел ден

by fokus

Грабежот на обложувалницата што се случи утрово,  не бил скопската населба Аеродром, туку во Бутел.

Иако првично беше објавено дека има грабеж спроти трговскиот центар Скопјанка во Аеродром и дека во обложувалница влегле две лица со хируршки маски, спроти Скопјанка беше мирно и никој не знаеше дека се случил грабеж.

Од Министерството за внатрешни работи за Фокус велат дека грабежот се случил во Бутел кога во обложувалница влегле две вооружени лица.

-Денеска (31.03.2023) во 10.20 часот, вработен во обложувалница на подрачје на општина Бутел пријавил дека две лице со закана со оружје одземале пари.

Веднаш се упатени полициски службеници на лице место и се преземат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

 

Поврзани новости