Ковачевски: Нема поголема глупост од границите на Балканот!

by Fokus

„Сме биле држави, единствени кои немале граници. А сега, сме единствени кои сега имаат граници“, рече денеска македонскиот премиер Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција со српската премиерка, Ана Брнабиќ во Белград.

„Нема поголема глупост од границите на Балканот. Ние значи ако излезете на север од овде на `Хорвош`, на само 200 километри од тука, граници нема до Скандинавија. А ако сакате да одите на Балканот, на секои 100 километри имате граници. И затоа ако некои проекти не ги сакам, кога ќе ми дојдат од Европска унија за финансирање, унапредување на гранична контрoла, на нас не ни требаат граници. Јас Западен Балкан го замислувам како регион без граници, интегриран во ЕУ. Границите кои моментално постојаt, меѓу земји кои имаат безцариснки режим меѓусебе, кои имаат пријателски односи се само извор на корупција и ништо друго“ – изјави Ковачевски.

Идејата на целосно укинување на границите, Ковачевски за првпат ја спомена минатата година за време на одржувањето на Отворен Балкан во Белград.

 

Поврзани новости