Владиката Иларион на литургија во црквата во Зрновци му го честиташе мандатот на новиот градоначалник

by Fokus

Владиката Иларион од брегалничката епархија на литургија по повод празникот „Св. Димитриј Солунски“ во црквата во кочанското село Зрновци му го честиташе вториот мандат на градоначалникот Блаже Станков, кој во вториот круг од локалните избори го победи својот протовкандидат од СДСМ.

Тој му се заблагодари за досегашното залагање за изградбата на двете цркви во Мородвис и Видовишта.

– Во името на целото свештенство ви го честитам повторниот мандат и да продолжите и понатаму како и досега да работите чесно и мудро – истакна Иларион.

 

Поврзани новости