Владата се пофали: По скратена постапка донесени само 17 закони, претходната влада донела 214

by fokus
Отворена, транспарентна и инклузивна Влада – Воскратена постапка се донесени само 17 закони, за разлика од 2016-та година кога претходната влада донесе вкупно 214 во скратена постапка, се пофалија денеска од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).
-Владата на Република Македонија се обврза своите политики,стратегии, предлог закони да ги креира инклузивно и во отворен и транспарентен процес. Како резултат на таа заложба, покрај зголемувањето на бројот на закони поставени на ЕНЕР, може да се забележи драстично намалување на бројот на закони кои се носат по скратена постапка.Статистиката на Собранието на Република Македонија покажува дека од вкупниот број на закони донесени од Собранието, кои биле предлог на Владата на Република Македонија (без законитедонесени по предлог на пратениците), процентот на закони донесени во скратена постапка од 67,9% во 2016 година се намалува на 19,1% во 2018 година.Односно, во 2016-та година вкупно 214 закони биле донесени по скратена постапка, за разлика од само 17 закони донесени од почетокот на работата на актуелната влада, велат од МИОА.

Поврзани новости