Владата ќе ја награди екипата на „Медена земја“ со три милиони денари

by fokus

Владата на денешната седница донесе одлука да додели парична награда од три милиони денари на екипата на филмот „Медена земја“. Ова на својот Фесјбук профил го сподели министерката за финансии, Нина Ангеловска.

-Нашите Медени, вчера го освоија најважниот Оскар – за човечност, едноставност, свесност за животната средина и големо ❤️. Ги освоивте нашите срца и срцата на милиони луѓе низ целиот свет и со еден симболичен гест сакаме да се заблагодариме – затоа вечерва донесовме одлука на владината седница за парична награда од 3 милиони денари за екипата Медени. Бидејќи го додадовте епитетот ”Медена” на нашата земја.
Бидејќи нѐ направивте тооолку горди!, напиша Ангеловска.

Поврзани новости