Владата им објави војна на лажните вести на последниот ден од кампањата за референдумот

by fokus

Владата нема да го толерира повеќе објавувањето лажни вести и дезинформации поврзани со референдумот и со Договорот за името. Портпаролот, Миле Бошњаковски, денеска изјави дека Владата ќе го почитува предреферендусмкиот молк кој почнува вечерва, но дека секоја дезинфорамција ќе ја демантира на социјалните мрежи.

-Искуството за време на кампањата покажа нагласено присуство и ширење на лажни вести, дезинформации и говор на омрза како и креирање на вести врз основа на полуинформации. Сето ова претставува длабоко поткопување на демократските процеси во државата, ширење на дискриминација и омраза на штета на граѓаните како и дискредитација на институциите. Владата во согласност со принципот добро владеење и дека сме засегната страна најавува дека ќе го почитува предреферендумскиот молк и дека ќе се воздржи од активности кои имаат поврзаност со референдумот и со изјаснувањето на граѓ во наредните 48 часа почнувајќи од полноќ вечерва – рече Бошњаковски денеска на прес конференција.

Владата, додаде тој, е целосно свесна дека просторот на социјалните медиуми е изложен на креирање на лажни вести и дезинформации со цел обид за манупулација на граѓаните.

-Имајќи ја предвид штетата врз јавниот интререс која може да настане од јавна пропаганда, во текот на референдумскиот молк владата најавува дека нема да дозволува граѓаните да бидат изложени на лажни вести. Ќе ги проверувам фактите и ќе ги презентираме како Влада пред граѓаните. Во текот на референдусмкиот молк секоја објава детектирана дека е лажна, дека е дезинформација или дека е полувистина ќе биде соодветно идентификувана на почетокот и ќе биде објавено дека истата е неточна на официјалните комуникациски канали на Владата, на твитер профилот на портпаролот и на официјалната фејсбук страница на Владата – додаде Бошњаковски.

Тој ги повика граѓаните да ги примаат сите информации со посебно внимание за време на молкот и да прават двојна проверка на секоја сензационалистичка вест.

 

Поврзани новости