ССМ ја доби поддршката од големото европско синдикално семејство

by Fokus

Сојузот на синдикатите на Македонија денес одржа седници на Претседателството на ССМ и Советот на ССМ – највисок орган на ССМ помеѓу два Конгреси и Ве информираме за следното:

Сојузот на синдикатите на Македонија (во натамошниот текст ССМ) како
организација во која доброволно и врз демократска основа се здружуваат синдикатите, во март 2015 година стана прва организација која го проби мразот за прием на Р. Македонија во Европското семејство, иако Република Македонија не беше членка на Европската унија.

Со полноправното членство во Европската конфедерација на синдикати (ЕКС), Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ја доби можноста активно да биде вклучен во креирање на социјално економската политика и социјалниот дијалог на европско ниво и ја доби поддршката од големото европско синдикално семејство во сите активности, како и можноста да се вклучува во креирање на Европските директиви поврзани соработничките права.

Со приемот на ССМ во Европското синдикално семејство ССМ доби поголем проток на информации и комуникација за промоција на трудовите стандарди, владеењето на правото и хармонизирање на националното со законодавството на ЕУ, а се во насока на нашите залагања за борба и остварување на работничките права и достигнување на европските стандарди во врска со работничките права како поголема плата, колективни договори, сигурност на работните места, економска благосостојба и сл.

ССМ своите заложби за достигнување на европските вредности  ги потврдува и во преговорите со социјалните партнери за новиот предлог текст на Законот за работните односи каде што се залагаме  во духот на европските вредности да не дозволиме кратење на ниту едно право веќе утврдено во сегашниот Закон за работните односи, а дополнително со наши предлози и заложби бараме од социјалните партнери нашите работници да ги уживаат сите поволности од правата од работниот однос како и нашите колеги кои работат во земјите членки на ЕУ.

Во оваа насока сметаме дека работниците во Р. Македонија на претстојниот Референдум, со користење на нивното Уставно право на глас, ќе придонесат за поголема сигурност и подобрување на нивната економско- социјална положба во иднина.

 

Поврзани новости