Владата демантира, но измените во Кривичниот законик сепак ќе им донесат помали казни на обвинети во СЈО

by fokus

Нема нова амнестија и договор за измени на член 353 од Кривичниот законик, децидна е Владата откако во јавноста протекоа информации дека ќе се менува членот кој се однесува на злоупотреба на службената положба, за што се товарат дел од обвинетите на Специјалното јавно обвинителство.

Сепак, вчера Собранието ја усвои потребата од измени во Кривичниот законик по скратена постапка, а се очекува измените да бидат изгласани на седница во петок. Спорно е тоа што предлагачот за 24 часа три пати ги поднел па ги повлекол измените во законот, за што реагираше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој бараше објаснување на вчерашанта седница.

Првично предлог законот предвидуваше измени во членот 353, но тоа беше повлечено.

Она што сега се менува во законот е членот 275-в од КЗ, кој се однесува за злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавни набвки или јавно – приватно партнерство. Се измена на ставот 3 затворската казна ќе се намали од 5 на 4 години.

Ставот кој е на сила гласи: „Ако сторителот со извршување на делото од ставот 1 на овој член остварил за себе или за друг имотна корист од поголеми размери, ќе се казни со затвор од најмалку 5 години“. Со измените се предлага казната од 5 да се намали на 4 години затвор.

Ако се намали предвидената казна со тоа се намалува и рокот во кои кривичните дела застаруваат. На тој начин може да куртулат дел од обвинетите на СЈО, кои се гонат по овој член.

Поврзани новости