Симона Спировска: Ми стигна прекршочната за 2016, ќе си платам за да не делам ист потпист со амнестирачите

by fokus

Актерката, Симона Спировска на својот Фејсбук профил објави дека и стигнала прекршочна пријава затоа што беше приведена во јуни 2016 година како учесник во протестите на Шарената револуција, но пишува дека истата нема да ја обжали. Таа додава дека ќе продолжи да ги негува идеалите и како што вели нема да дели ист печат со амнестираните и амнестирачите.

„Во ова предновогодишно и амнестирање (пропратено со лоботомија како еден од условите) ми стигна прекршочната за 27.06.2016, кога ме приведоа. Не сум ја однела да ја обжалам и нема. Решив да си ги плаќам веднаш по примањето. И тие обжалените кога ќе ми стигнат ќе си ги платам. И би одлежала ако не можам да ги доплатам само за да продолжам да си ги негувам идеалите и да не делам ист печат ни со амнестираните, нит пак со амнестирачите.
Грозен ви е злочинот, гадове!!!
Смрдите на шиткачи! Шиткачи на вредности!
Не сте само амнестирачи ами и соучесници.
Јас уште верувам дека еден ден ќе има овде држава, а тогаш ќе одговарате“, стои во објавата на Фејсбук.

Спировска беше приведена заедно со актуелниот пратеник Павле Богоевски, по што и беше изречена прекршочна пријава според законот за комунална хигиена, за акција на демонстрантите пред Шпанска амбасада.

Поврзани новости