Влада: По 10.000 денари награда за пожарникарите

by fokus 17:47
17:47

Владата на денешната седница одлучи да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот кој го зафати Кочани и околината.

-Наградата од 10.000 денари е во знак на благодарност за демонстрираната храброст, професионалност и пожртвуваност во мисијата да се спасат животи и да се зачуваат природните ресурси на татковината.
Нивната пожртвуваност и професионалност нема да останат заборавени.

- Advertisements -
Banner NISSAN_Okt_300x250

Уште еднаш сакам да изразам благодарност кон сите професионалци, волонтери, граѓани и институции кои несебично учествуваа во безмилосната борба со огнот и да порачам дека мораме да останеме тука едни за други секогаш кога е потребно, напиша вицепремиерот Љупчо Николовски на фејсбук.

Поврзани новости