Вкупно 320 здравствени работници доброволно се пријавиле за помагање по земјотресот во Турција

by Fokus

Министерот за здравство, Беким Сали  истакна дека вкупно 320 здравствени работници се пријавиле доброволно за помагање по разорниот земјотрес во Турција.

„Ви благодариме за вашиот интерес да помогнете со последиците од земјотресот во Турција. Досега имаме добиено над 320 апликации од различни медицински профили.

Ве известуваме дека вашите податоци се примени и сега сте на прелиминарната листа. Кога ќе добиеме потврда од теренот дали и кога ќе бидете вклучени, ќе ве известиме во догледно време со дополнителни информации во врска со патувањето и сместувањето. Уште еднаш, ви благодариме за интересот и поддршката“, објави министерот.

 

Поврзани новости