Високи плати, бројни бенефиции и кариерен развој, најавува „Јагео“ со инвестицијата од 205 милиони евра

by Fokus

Со инвестиција од 205 милиони евра во рок од 10 години се очекува тајванската компанија „Јагео“ да отвори околу 4.000 работни места во Македонија. Генералниот директор на ЈАГЕО, Дејвид Ванг, ги објаснува причините зошто се одлучиле за инвестиција во Македонија и покрај тоа што Србија и Хрватска биле во конкуренција.

-Се одлучивме за Северна Македонија поради две клучни причини. Прво поради тоа што Севена Македонија за нас не е нова, ние оперираме таму повеќе од 10 години. Во овој период се стекнавме со одлично искуство, многу пријателски однос од Владата, тие беа од голема помош, стабилноста на државата и многу важно квалитетот и достапноста на работната сила. Ова добро искуство е навистина од помош-вели Ванг.

Тој најавува и високи плати.

-Локалниот талент е наш клучен фактор за да ја избереме Северна Македонија за инвестирање. Ние секако ќе вложуваме во бројни бенефиции, осигурувања, добар тренинг, кариерен развој за луѓето – рече директорот.

„Јагео“ ќе произведува резервни делови за автомобилската индустрија и за т.н. зелена енергија. Оваа фирма ќе произведува и делови за „Тесла“ и Епл“. Производствените погони на „Јагео“ ќе бидат лоцирани во ТИРЗ Скопје и во ТИРЗ Штип.

Инвестицијата на „Јагео“ се најде и на страниците на американскиот бизнис магазин „Форбос“.

„Американскиот производител на електонска опрема „Кемет“, кој беше купен од „Јагео“ за 1,8 милијарди долари во 2020 година, веќе управува со две фабрики и центар за истражување и развој во Северна Македонија“, посочува „Форбс“.

Поврзани новости