Висока владина делегација придружувана од одбран круг на македонски бизнисмени денеска замина во неколкудневна посета на централноамериканската земја Белизе. Целта на посетата, како што се вели во соопштението на Владата, е да се зајакнат економските и бизнис-врските помеѓу двете земји, како и да се олесни основањето на компании на македонски државјани во Белизе и обратно.
“Македонија и Белизе негуваат тесни економски релации. Особено годи интересот на бизнисмени од Белизе за македонскиот медиумски простор. Веќе имаме позитивни примери каде што инвеститори од Белизе отворија медиуми во Македонија и за кратко време создадоа огромен профит. Македонската Влада овие храбри инвестициски потфати ги помогна најмногу што можеше со владини реклами и со претплати. Како резултат на тоа, интересот за инвестиции во македонскиот медиумски простор се прошири и на други континенти, па веќе имаме најави за инвестиции од африканските острови Сејшели. Како и да е, место за продлабочување на соработката има и во други сфери, особено во делот на олеснување на трансакциите за префрлање на поголеми износи пари од Македонија на оф-шор сметки во Белизе, се со цел да се избегне двојното оданочување”, се вели во соопштението на Владата.